5 знаци дека нешто не е во ред со батеријата на вашиот телефон

ИЗВОРСкопје24
|

Препознавате некој од овие знаци? Можеби нешто не е во ред со батеријата на вашиот телефон!

Tportal пишува за пет знаци кои покажуваат дека нешто не е во ред со вашиот мобилен телефон:

Често полнење на телефонот

Количината на енергија што ја складира вашата батеија зависи од тоа колку често ја користите, што приближно значи дека по неколку години секојдневна употреба, сакале или не, ќе треба да размислите да ја замените. Ако постојано играти на вашиот телефон или гледате видеа, очекувано е брзо празнење дури и на здрава батерија. Но, ако вашиот телефон се испразни под 50 проценти без да го користите половина ден, тоа е знак дека батеријата стара или неисправна.

Телефонот се прегрева при полнење

Ако вашиот паметен телефон се пгрегрева без разлика дали го полните преку полнач или компјутер, тоа е уште еден јасен знак дека нешто не е во ред со вашата батерија. Само мало зголемување на температурата на телефонот при полнење е нормална појава. Ако вашиот уред не е можно да го држите во рака додека се полни, веднаш исклучете го од струја и однесете го на сервис.

Телефонот работи само на полнач

Доколку се случи ова, тоа е знак деак нешто не е во ред со вашата батерија бидејќи таа не работи. Во овој случај, најдобро е да купите нова батерија или да го пратите телефонот на овластен сервисер.

Се е мртво

Веројатно најочигледен доказ дека нешто не е во ред со вашата батерија е ако не можете да го вклучите вашиот паметен телефон. Ако вашиот телефон претходно не паднал од поголема висина или не завршил во вода, сигурно проблемот лежи во батеријата бидејќи таа е премногу стара.

Телефонот работи се пократко и пократко

Долгите разговори, долгите видеа, постојаното играње на игри и останатите активности влијаат на долгорочноста на батеријата. Наједноставниот одговор на прашањето како да го продолжите рокот на батеријата е да го користите вашиот паметен телефон поумерено. Се разбира, има и многу попрактични совети, како на пример да се осигурате дека процентот на вашата батерија нема да падне под 20% и нема да биде повисок од 80%.