54-годишна жена го роди своето внуче за да ѝ подари дете на ќерката родена без матка

|

На 17-годишна возраст на Меган Вајт ѝ било соопштено дека има МРКХ синдром, односно дека е родена без матка и дека нема да може да носи бебе.

Но, желбата да стане мајка ѝ била преголема и на 28-годишна возраст, Меган и нејзиниот сопруг се обиделе да имаат дете со помош на сурогат-мајка. За жал, бебенцето не преживеало во 21-вата недела од бременоста.

По тажната вест, нејзината мајка Мери одлучила да се обиде да ѝ подари детенце на ќерка си и успеала во тоа. На 13 јануари, со царски рез, таа роди здраво момче кое се вика Винстон.

Мери стана најстарата сурогат-мајка во Австралија.

„Тоа беше и е остварување на сон. Кога го здогледавме, тоа беше љубов на прв поглед. Тој ни ги исполни срцата на начин на кој не мислевме дека е возможен“ – рекла Меган.

Отсекогаш претпоставував дека ќе бидам премногу стара за да направам вакво нешто, но се покажа дека секогаш треба да поставуваш прашања. Беше специјално искуство за мене и пресреќна сум што можев да ѝ помогнам на ќерка ми“ – изјавила Мери.

Бидејќи веќе била во менопауза, на Мери ѝ биле препишани лекарства за да се подготви матката за бременост.

По три неуспешни, четвртиот трансфер на ембиони за среќа бил успешен.

Се надевам дека нашата приказна ќе инспирира и други да го започнат ова патување – дефинитивно би го направила повторно – додала таа.