6 милиони прегледи за еден ден: Преработена сцена од „Mandalorian“ стана хит на интернет

|

Серијата „The Mandalorian“ стана хит, а бебето Јода сигурно сте го виделе на социјалните мрежи, дури и ако не сте изгледале ниту една од досега емитуваните 4 епизоди.

Многу фотографии, мемиња и снимки од малото зелено суштество кружат на интернет, а една сцена од четвртата епизода посебно ја воодушеви Твитер екипата.

Сцената во која неодоливиот сопатник го иритира главниот херој со притискање на копчињата, доби преработка на Твитер која стана хит.

Корисникот на оваа социјална мрежа додал малку поинаков звук од оној кој може да се слушне во епизодата, а во видеото се препознале многумина кои некогаш се возеле со родителите во автомобил и се обидувале да ги менуваат радиостаниците.

Снимката од вчера ја прегледале повеќе од 6,1 милиони корисници, а погледнете зошто…

https://twitter.com/xoGlitterTV/status/1200991801957658624