Кој не би сакал да има пријател во знакот Близнаци? Доколку имате можност да бидете пријатели со припадници на овој хороскопски знак сметајте се себеси за среќници! Честопати, луѓето мислат дека Близнаците се дволични од очигледни причини, но тоа е далеку од вистината. Иако се познати по нивната неисцрпна енергија, тие исто така сакаат понекогаш да бидат сами. Па така, во зависност од денот (или минутата), вашиот пријател Близнак може да пие вино и да разговара за филозофија со група луѓе на забава и потоа одеднаш да посака да си отиде дома, да си ги облече удобните пижами и да гледа филм со вас. Едно нешто е сигурно: Со Близнаците никогаш нема да ви биде здодевно! Прочитајте ги следните 6 причини зошто секој би сакал да има најдобар пријател во овој хороскопски знак…
1. Постојано ќе се смеете
Вашиот пријател Близнак постојано ќе сака да ве задева, но на игрив начин, никако навредлив! Тие се многу досетливи и се сметаат себеси за интелигентни, што навистина е така. Никогаш нема намерно да ве повредат, но ако сепак кажат нешто што ќе ве погоди, поразговарајте со нив отворено. Близнаците ќе се чувствуваат ужасно поради тоа што го кажале и веднаш ќе ви се извинат. Луѓе сме, грешки правиме, нели?
2. Ќе почувствувате обострана љубов
Кај Близнаците важи правилото колку даваш толку добиваш, така што пријателството со нив е секогаш двонасочна улица. Близнаците се всушност многу нервозни под нивната цврста надворешност. Таа анксиозност се манифестира преку нивниот хумор и шеги на нивна сметка. Секогаш мора да бидете тука за вашиот пријател Близнак и да му дадете поддршка кога тоа ќе биде потребно. Бидете сигурни дека секогаш ќе ви возврати на ист начин. Токму такво треба да биде вистинското пријателство, а вие ќе имате можност да го почувствувате тоа со Близнаците.
3. Ќе ве потсети дека на сите им е потребно да поминуваат време сами
Близнаците се многу длабоки, но имаат активен социјален живот, така што понекогаш ќе им бидат потребни неколку вечери за да бидат сами и да си ги наполнат батериите, а ќе ви воочат дека и вам ви треба истото. Кога ќе се ослободите од целиот насобран стрес и убаво ќе одморите, ќе бидете подготвени повторно да излезете и да се забавувате до раните утрински часови.
4. Ќе може да каже работи на глас кои вам ви е срам да ги кажете
Дали ви ставиле некој зачин во салатата што не ви се допаѓа? Некој келнер комплетно ја игнорира вашата нарачка? Вам ви е непријатно да се побуните, па решавате да се помирите со ситуацијата. Но, без грижи! Тука е вашиот пријател Близнак кој ќе ја среди работата. Никогаш нема да биде некултурен и да навреди некого, туку преку шега и смеење ќе укаже на грешката, па дури можеби и ќе стекне пријател во целиот тој процес.
5. Никогаш повеќе нема да бидете изгубени
Близнаците се љубопитни и постојано трагаат по нови информации, а особено сакаат кога ја имаат контролата во свои раце. Така што, ако некогаш не знаете кој пат да го одберете, тие воопшто нема да се двоумат кога од нив ќе побарате да ви ја покажат насоката во која би требало да се движите. Секогаш ќе имате некој кој знае каков чекор треба да се преземе понатаму, во која било ситуација.
6. Секогаш ќе имате за што да разговарате
Близнаците имаат голем авантуристички дух, па затоа благодарение на нивните непроценливи искуства, имаат многу интересни приказни за раскажување. Тие се одлични наратори со кои ќе се смеете до солзи. Што и да се случи, секогаш ќе си поминувате убаво со вашите пријатели Близнаци.
И што е најважно: Никогаш нема да ја изневери вашата доверба! Ако чуе лош збор за вас, ќе биде подготвен да ве брани до смрт. Пријателот Близнак ќе биде вашата причина за насмевка кога мислите дека сите бродови ви потонале. Ќе биде вашата поддршка кога се чувствувате како сите други да ве имаат напуштено. Близнаците ја знаат вредноста на пријателството и никогаш нема да направат нешто што би можело да го загрози вашиот однос. Напротив, тие секогаш ќе го негуваат пријателството како најнежниот предмет што постои на светот, бидејќи многу добро се свесни дека ако еднаш се скрши, делчињата можеби ќе се залепат, но секогаш ќе остане пукнатина.