626 санкции за неносење маска и 175 санкционирани возачи во Сарај

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие (13/14.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 626 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Сарај изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 20, 22 санкции за нерегистрирани возила, 6 мерки за минување на две полни линии, 10 санкции за користење мобилен телефон и 6 мерки за минување на затворен сигнал(црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.