68-годишен жител на Трубарево пријавил дека бил физички нападнат од 70-годишен сосед

|

Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, Б.М.(68) од с.Трубарево, скопско, пријавил дека околу 19.30 часот во селото, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од неговиот сосед В.Ѓ.(70), информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.