7 брзи, солени рецепти со празничен изглед

ИЗВОРnovlist.mk
|

Не треба многу за на обичните рецепти и состојки да им дадете празничен изглед. Од обичните зденки може да направите ирваси, а од обичната крем-салата да направите шишарки. Ви треба само креативност.


Ви нудиме 7 брзи решенија како да направите мезиња или цели оброци за празничната трпеза:
1. Крем-сирење со крекери
Измешајте крем сирење со обично изронето сирење, зачини и исечкан зеленчук или малку салама, па со калап обликувајте правоаголник од смесата.

Декорирајте со ленти краставички и квадрати од исечена пиперка. Послужете со солени крекери.

2. Новогодишни елки од зденки
Излупете неколку зденки и зачинете ги со зелени зачини и вегета. Може да додадете сушени брусници. Послужете на стапче за ражничи.

3. Пица елки
Од готово тесто за пица исечете триаголници, потпечете, а потоа премачкајте со испасирано авокадо и мали коцки домати.

За стебло нека ви послужат обичните соленки.
4. Ирваси од зденки
Повторно излупете неколку зденки, но овојпат ставете им два переци, мали зрна бибер и крукче од домат или сушена брусница.

5. Венче од мини хот-дози
Во готово тесто замотајте мини виршли и залепете ги во облик на венец. Печете додека тестото не добие златно-жолта боја.

6. Топчиња тесто со зачини во облик на елка
Рецептот пронајдете го тука.

7. Шишарка од крем салата
Откако ќе ја направите крем салатата по избор, без оглед на составот, може да ја декорирате со бадеми и да додадете зимзелени гранчиња, за да личи на шишарки.