7 совети од Гордон Ремзи кои на секому ќе му бидат корисни во неговата кујна:
1.Прилагодете го мелникот и контролирајте ја количината бибер
Мелникот за мелење бибер на средината има матица која може малку да се олабави или пак да се затегне, во зависност од тоа дали сакате биберот да биде поситен или покрупен.
2. Кога користите самолеплива фолија за пакување месо или зеленчук, прво малку натопете ја даската за сечкање за на неа да се залепи фолијата.
3. Како од лимонот да извлечете повеќе сок
Ставете го лимонот на некоја подлога, притиснете го и тркалајте го со рака затоа што тоа ја разредува неговата внатрешност па на крајот ќе може полесно да го исцедите.
4. Кога користите фолија, сјајната страна завртете ја однадвор
Доколку не сте знаеле, алуминиумската фолија има две страни.
5. Кивите излупете ги со лажица
Пресечете ја кивата на половина, па со лажицата повлечете помеѓу лушпата и месото и одвојте ги едно од друго.
6. Пред да го изрендате сирењето ставете го во замрзнувач
Тоа ќе го направи да биде потврдо и со тоа ќе ви биде полесно да го изрендате.
7. Измијте ги рацете
Доколку некогаш сте сечкале лути пиперки, за да се ослободите од лутината треба да ги измиете рацете со лимонов сок.