За секое новороденче во Аеродром по 8.000 денари

|

Неделава конечно почнува исплатата на финансиската помош за новороденчиња во Општина Аеродром, откако беше стопирана со месеци. Со оваа мерка, 53 семејства во Општина Аеродром ќе добијат по 8.000 денари парична помош за новороденче.

На овој начин општина Аеродром преку доделување еднократна парична помош за сите новороденчиња родени на нејзината територија дава свој скромен придонес во зголемувањето на наталитетот, а со цел делумно да им се олеснат трошоците, кои се големи, на родителите што произлегуваат од таквиот среќен чин.