8 знаци дека сте волк во свет препол со овци

ИЗВОРСкопје24
|

Да бидеш волк во свет полн со овци не е воопшто лесно. Силните независни луѓе секогаш го наоѓаат своето место под сонцето и често ја достигаат висината која на обичниот човек не му е достижна.

И како што вика една изрека: Подобро е да одиш сам во вистинскиот правец, отколку да го следиш стадото право во бездна.
Ако си силна личност овие 8 знаци докажуваат дека си волк во свет полн со овци:

1. Посветени сте
Кога имате цел ништо не може да ви застане на патот. Секогаш сте мотивирани и подготвени за акција во било кое време. Како и волкот секогаш имаш моќ за да го постигнеш она што го сакаш.
2. Ги штитиш луѓето кои ги сакаш
Баш како и волкот кој секогаш се грижи за својата глутница и ти се грижиш за луѓето кои ти значат.
3. Независни сте
Повеќе од се ја цените својата слобода. Сакате да бидете тоа што сте и да ги следите своите патишта. Често сакате да се изолирате и да бидете сами за да ги преиспитате своите цели во животот.


4. Обожавате ноќ, тоа е ваше време
Ноќта е времето на волците. Тоа е доба кога слабите одмараат, а волците напаѓаат. За вас ноќта е време за размислување, а често и за работа.
5. Вие сте многу коректна личност
Луѓето често помислуваат како сте малку „диви“, но вистина е дека немате време да лажете и да кажете дека играте игри. Секогаш настапувате крајно искрено и го кажувате она што го мислите без резерва.
6. Се прифаќате такви какви што сте
Зошто да следите стадо овци кога сте родени како волк? Сфаќате дека сте различни и единствени се држите подалеку од луѓето кои ве задржуваат во патот кон успехот.


7. Вие сте горда личност
Што и да ви се случува во животот, секогаш останувате силни. Дури и се ако ти тргне по надолен пат ти стоиш со високо подигната глава. Дури и во тие моменти се бориш за себе. Никогаш не би дозволил да се покориш на некој послаб.
8. Не би се променил за никој
Волкот секогаш е волк, тоа никогаш не се менува. Ти се сакаш таков каков што си и секогаш ќе бидеш таков. Никој и никогаш нема да направи од тебе овца.