80 години стар трик: Како да сварите јајца без зовриена вода?

|

Како да сварите јајца без да ги готвите во вода која врие, открила во книгата „How to Cook a Wolf“ од М.Ф.К.Фишер, авторка на бројни книги за подготовка на храна.

Фишер предлага два метода како на вистински начин да подготвите вкусни и сочни јајца. Нејзините методи датираат од 1942 година, кога ја објавила книгата. Постојат два начина да се сварат јајцата без варење или готвење:

Првиот начин е да го ставите јајцето во ладна вода со што ќе спречите пукање на кората и потоа да се вари на тивок оган и никогаш во вода која врие.

Како што тврди Фишер, јајцето ќе биде целосно сварено, но ќе има многу подобар вкус.

Друг начин е да го потопите јајцето во ладна вода во помал сад и да го загреете. Штом водата ќе почне да врие веднаш тргнете го лончето од оган, а јајцето можете веднаш да го јадете.