89-годишна баба сплела 450 ќебиња за бездомни кучиња

ИЗВОРСкопје24
|

Во прифатилиштата за бездомни кучиња има илјадници шепасти пријателчиња кои заслужуваат љубов и внимание. И додека внимателно чекаат да бидат вдомени, за нив се грижат луѓето кои се вработени таму и волонтерите кои несебично им помагаат на животните.

Но, од сите нив се издвојува една 89-годишна бабичка од Велика Британија. Мејси Грин, понесена од љубовта кон кучињата, сплела дури 450 ќебиња и палтенца за бездомните кучиња од стационарот „Dog Trust“.

„Многу сакам да плетам, а подеднакво ги сакам и кучињата. За мене ова е прекрасна комбинација! Ми требаат три дена за да сплетам едно ќебенце, а само еден ден за да сплетам кучешко палтенце. На овој начин се чувствувам продуктивно и често плетам додека гледам телевизија. Навистина ми е драго што, на некој начин, помагам за кучињата од овој стационар“ вели 89-годишната бабичка.

Всушност, Грин го прави ова добро дело веќе три години. Таа ги донира своите изработки трипати годишно, а секојпат во стационарот остава по десетина рачно изработени (со многу љубов!) ќебиња.

„Мејси редовно ги остава своите донации и ние сме многу благодарни за нејзината поддршка. За време на студените зимски денови, на нашите кучиња им треба нешто што ќе ги стопли“ вели менаџерот на „Dog Trust“.