9,48% покачување за струјата која ја користат домаќинствата-соопшти РКЕ

|

Во Новата година сметките за струја за домаќинствата ќе се покачат за 9,48%, објави предмалку Регулаторната комисија за енергетика.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски рече дека владата презела обврски да им помогне со укинувањето на ефтината тарифа, односно наместо две тарифи да има само една во иднина.

РКЕ потврди дека ЕСМ (Електрани) ќе ја продава струјата од сопствено производство на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме за 41 евро за мегават час, а досега цената беше 36,1 евро.

Електрани вети дека ќе обезбедува 100 % струја за домаќинствата на ЕВН Хоме.