9 причини зошто Стрелците можат да бидат вашите најдобри пријатели

ИЗВОРСкопје24
|

Стрелците се оние луѓе кои секогаш кажуваат шеги на голема публика или пак, организираат комплицирано запросување за своите љубени. Нивните соништа се да патуваат низ светот и да ја откријат вистината за себе и својот живот. Нивниот елемент е огнот, а со нив владее Јупитер, правејќи ги поголеми од животот. Вие никогаш не можете да знаете што ќе добиете кога ќе се спријателите со Стрелец, но токму тоа е и забавното во ова пријателство. Еве ги 9-те причини зошто Стрелците се најдобрите пријатели во зодијакот.

1. Тие се спонтани, но промислени
Вие никогаш не знаете како ќе ви помине денот доколку покрај вас имате Стрелец. Вие можеби сте се договарале да одите во кино, но на крајот од вечерата големи се шансите дека ќе се најдете на луда журка каде што танцувате и се забавувате покрај непознати личности. Од друга страна, ако вие им ги промените плановите, тие воопшто нема да ви се налутат. Баш напротив, за нив пријателите се секогаш на прво место.

2. Тие се расположени за сè
Имате идеја за бизнис? Сакате да возите велосипед низ Европа? Стрелецот е подготвен со нетрпение да ја ислуша секоја ваша идеја, без разлика колку лудо или ризично звучи таа и да ве поддржи до самиот крај. Бидејќи тие се авантуристи и обожаваат слобода, можат да ве разберат кога вашите соништа ве водат на друго место. Едноставно пишете им и тие ќе се нацртаат покрај вас.

3. Со нив никогаш нема драма
Стрелците се отворени, искрени и директни. Тие не сакаат да играат игри, а ако правите нешто што ги нервира нема да зборуваат за тоа зад вашиот грб. Вистинскиот Стрелец веднаш ќе ви го каже проблемот, лице в лице, и нема да можете да одите никаде пред да го средите тоа и да станете повторно пријатели. Понекогаш со ова однесување тие можат да ги навредат луѓето, но доколку ги познавате ќе знаете дека тоа го прават со цел да нема тајни и драма помеѓу вас.

4. Тие имаат голема среќа
Стрелците се познати по нивната среќа. На нив едноставно им се случуваат добри нешта, а ако сте им пријатели тогаш големи се шансите дека и вас ќе почнат да ви се случуваат позитивни искуства. Причината поради која тие се толку среќни е затоа што имаат цврст карактер, неизмерен оптимизам и не се откажуваат додека не ги завршат работите.

5. Тие се големи оптимисти
Кога сте покрај оптимистична личност, ова однесување има тенденција да се префрли и на вас. Стрелецот има уникатна моќ да повика насмевка на вашето лице, без разлика каков ден сте имале. Тие обожаваат да го гледаат доброто во луѓето и ситуациите и затоа знаат точно како да го искористат. Стрелците имаат опуштено размислување кога станува збор за исходот, бидејќи знаат дека со тек на време сè ќе си дојде на своето место. Токму овој совет е тој кој тие постојано им го кажуваат на другите.

6. Тие се големи филозофи
Вие во секое време можете да имате длабок разговор со Стрелец. Без разлика на фактот што се малку материјалисти, тие никогаш не можат да престанат да размислуваат за значењето на нештата. Стрелците по природа се трагачи по вистината. Токму затоа и љубат да теоретизираат за животот и космосот. Па, доколку сакате длабока тема на разговор наместо авантура, тие повторно ќе бидат покрај вас.

7. Тие исто така се и многу интелигентни
Нивните филозофски размислувања имаат тенденција да им овозможуваат жед за знаење. Кога Стрелците се заинтересирани за одредени теми, тие читаат илјадници статии и книги со цел да научат нешто повеќе од тоа што веќе го знаат. Ова е една од причините и зошто се одлични кога станува збор за натпревари со факти.

8. Тие се забавни
Стрелците никогаш не ја гледаат негативната страна на ситуациите. Токму затоа и без разлика на тоа што се случува, тие во секое време можат да кажат шега која ќе ги смири нештата. Од друга страна пак, тие на сите потешкотии гледаат како добри приказни кои можат подоцна да бидат раскажани. Накратко, Стрелецот е забавниот пријател на кој секогаш можете да сметате дека ќе ја претвори здодевната ситуација во нешто навистина забавно. Нив сè им е шега.

 9. Не се откажувајте од нив и тие нема да се откажат од вас.

Најистакнатата карактеристика на Стрелецот е лојалноста. Пријателството е еден од најважните аспекти од нивниот живот, па токму затоа и би направиле сè за своите пријатели. Тие секогаш ќе бидат покрај вас, дури и во најтешките моменти, до крајот на животот.