ИЗВОРОпштина Центар
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Одборот за одбележување на Бадник, на месноста Красна на падините на Водно, ги пресекоа Бадниковите гранчиња за оваа година.
Кумот Љупче Николовски и здравичарот Миливое Алексовски ги соопштија убавите вести и ги поканија граѓаните на традиционалната централна прослава на Бадник, која ќе се одржи на 6-ти јануари пред Соборниот Храм.
Оваа година централното празнување на Бадник се одржува по 27-ми пат, во организација на Одборот за одбележување на Бадник, а во партнерство со Општина Центар.