Старата дама повторно во Ѓорче Петров

ИЗВОРОпштина Ѓорче Петров
|

Чест  ни е што е вреднуван нашиот труд и посветеност кон спортот. Денеска благодарноста пристигна од ,,Јувентус камп Македонија”. Општината овозможи  над 100 млади фудбалери да тренираат под палката на врвни италијански тренери директно од школата на Старата Дама. Соработката продолжува. Во април очекуваме повторно да бидеме домаќини на Јувентус кампот, да им се даде шанса на младите да учат од најдобрите, ќе имаат привилегија  да научат како се игра фудбал од светскиот гигант. Се надеваме дека еден ден наместо на тревата во Ѓорче Петров, нашите деца ќе постигнуваат голови на стадионите во Торино.