Кој се побара амнестија за 27 април?

ИЗВОРСкопје24
|

До моментов во Кривичниот суд во Скопје поднесени се вкупно 38 барања за амнестија за настаните од 27 април, а рокот за поднесување истекува утре.

Иако со законот за амнестија кој се изгласа во Собранието не е предвидено ослободување од вината за делата насилство и уб*ство, сепак барање може да поднесе секој, а нивните барања ќе бидат разгледани и по нив ќе се одлучи за 5 дена од истекувањето на рокот. Од Кривичниот суд не откриваат кои се има поднесено барање за амнестија, но во јавноста веќе е познато дека тоа го направиле пратеникот Крсто Мукоски, Оливер Радулов од УБК, Никола Митревски Кољо и Младен Додевски, а за денеска најавија и Александар Василевски Нинџа и пратеникот Сашо Василевски.

Амнестија освен обвинети во случајот кој моментално се наоѓа во доказна постапка, каде 31 лице се терети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и двајца за помагање, побарале и лица кои се опфатени во другите предмети кои се водеа во врска со „крвавиот четврток“.

Како што велат од Кривичен, барања пристугнуваат и во Одделот за организиран криминал и во Одделот за кривично полнолетни.

Покрај актуелниот предмет за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, пред Основниот суд Скопје 1, досега судска разврска имаше за уште неколку други случаи. Паднаа десетина пресуди за учество во толпа, седуммина беа осудени за обид за убиство на Зијадин Села, затворска казна за насилство доби и „кубачот“ на Радмила Шекеринска…