Фацијалната козметичка хирургија во текстот кој понатаму ќе следи се однесува на интервенции на меките ткива на лицето и вратот. Суштината на фацијалната козметичка хирургија опфаќа интервенции што го подобруваат изгледот на скелето (ортогнатска хирургија), естетска дентална имплантологија со протетска рехабилитација како и дерматолошки постапки, освежување на кожата, реставрација на косата и фацијална пластична хирургија.
ФКХ стекна огромна популарност во изминатата деценија, причинето од зголемен пристап до информации од ТВ реклами, интернет и други медиуми. Исто така, појавата на елективни хируршки техники со намалено отсуствување од секојдневните активности и долгорочни резултати со природен изглед ја популаризираше оваа област. Еден дел од козметичката хирургија е зголемувањето на усните. Иако процесот е доста едноставен, сепак се работи за интервенција која треба да ја работат исклучиво стручно образовани и обучени лица-доктори.
Како оди постапката?
Првично треба да се направи анамнестички преглед како физички така и да
се разјасни причината за оваа постапка. Нормалните естетски параметри за усните различно се дефинирани кај различни култури и народи. Како и кај секоја козметичка постапка, желбите и очекувањата кај пациентите, покрај модерните трендови, нагласени во медиумите и од страна на познати лица, играат главна улога во одлуката на пациентот и неговите барања, но и одлуката на хирургот во однос на резултатот на козметичката интервенција.
Процедура
– Визуелизација на техниката на работа.
– Стандардни слики (анфас, профил), цела глава.
– Макро фотографии на усните
– Дигитализиран приказ (на очекуван резултат)
– Лабараториски анализи (незадолжителни), освен кај пациенти со позната анамнестичка историја на коагулопатии или алергиски реакции, зголемен ризик од хеморагии, хематом и еритеми на местото на инјектирање.
– Фотографии по завршување на третманот
– Споредба со првичната ситуација
Хијалуронски филери
За разлика од колагенот, хијалуронската киселина е иста меѓу различни биолошки видови, што овие филери ги прави високо биокомпатибилни и го елиминира ризикот од алергии и несакани ефекти. Најчесто се користи стабилизирана, делумно вкрстена хијалуронска киселина со ниска молекуларна тежина. Најчесто таа е создадена преку бактериска ферментација на стрептококни соеви, но на пазарот се среќава и хијалуронска киселина добиена како екстракт од петлова кикиришка. Постојат и други видови на филери и материјали, како што е алодерм (дермаленколаген), автологен трансфер на масти земен од масно ткиво и автологен серум изведен како
дериват од крвта на пациентот.
Контраиндикации
Инјектирањето со хијалуронска киселина е најбезбеден од сите горенаведени методи на имплантирање, лесно е разградлив, високо биокомпатибилен, ретко прави алергиски реакции и несакани ефекти. Единствен недостаток е брзата ресорпција во организмот и потребата од ретретман за да се задржи посакуваниот изглед.
Во ПЗУ „Др.Ивица Луканоски“ ви нудиме најсовремени дермални филери кои се одличен избор за вашите усни, меѓу кои и најпознатиот Princess филер. Процедурата е кратка, а ефектот е моментално видлив. Обновете го изгледот на вашите усни, зголемете го волуменот и дополнете го сјајот на вашата насмевка.