Секој сака да биде среќно вљубен но, за жал, тоа не им успева на сите.
А ако не ви е јасно зошто Аморовата стреличка упорно ве заобиколува иако давате се од себе за да пронајдете љубов, можно е да сте само родени во погрешен знак.
Погледнете што секој хороскопски знак го кочи на патот до остварување на љубовна среќа и поработете на своите мани ако се препознаете во нив:
Овен
Иако се познати како многу добри луѓе, често се фокусирани само на себе и тешко, во потполност, им се предаваат на другите.
Бик
овите се доста тврдоглави и често премногу долго се лутат поради ситници со што потенцијално ги одбиваат потенцијалните партнери за врска.
Близнаци
На Близнаците слободата им е најважна и тешко се врзуваат само за едно лице. А она што на другите драги луѓе им е одбивно кај нив е тоа што сакаат работите да ги прават на свој начин и ретко се согласуваат на компромиси.
Рак
Иако по природа се многу грижливи, Раковите во врска знаат да бидат доста наметливи и „да го гушат“ својот партнер поради што често и’ остануваат сами.
Лав
Најголем љубовен проблем на Лавот е тоа што од партнерот очекуваат да биде совршен во секој поглед па лицето кое е со нив во врска често го чувствуваат како да се на некое натпреварување.
Девица
Девиците имаат проблем со довербата кај другите, па така и во своите партнери, што за другото лице знае да биде многу напорно.
Терезија
Терезиите најчесто избираат партнери со кои воопшто не се компатибилни бидејќи всушност сами себе се доживуваат како потполно поинакви лица отколку што навистина се.
Скорпија
Иако се на глас како најстраствен знак во зодијакот, таа страст неретко знае да се претвори во љубомора и посесивност кон луѓето кои ги сакаат. Тоа секако, ретко кому му се допаѓа.
Стрелец
Стрелците се активни, амбициозни и секогаш подготвени за акција што звучи многу забавно, но често знае да биде и напорно, особено бидејќи и од своите партнери секогаш очекуваат да бидат исти како нив.
Јарец
Јарците тешко се отвораат и им треба долго време да почнат некому да му веруваат, а тоа многумина немаат нерви да го чекаат.
Водолија
Забавни и остри, Водолиите се често омилени во друштво се додека, поради тоа што немаат влакна на јазикот, некому не му се замерат. Такви се и во врска, а ретко кој има трпение некој постојано да му се прави паметен и да не му попушта во кавгите.
Риби
Рибите се токму како и Раковите, исклучително емотивни што во врска знае да биде многу напорно за другото лице. Рибите не сакаат да бидат сами и потребно им е многу љубов и внимание, но такви партнери навистина не е лесно да се пронајдат. Можеби, да се фокусираат на Раковите…?