2018 година ќе ја паметиме како година на свадби:Кои од познатите стапија во брак годинава

ИЗВОРСкопје24
|

2018 година полека ни изминува а вреди да ја паметиме само по убави работи, па слободно може да кажеме ова е годината на најмногу свадби. Многу познати личности го изговорија судбоносното „Да“.

Во брачните води заплива ќерката на Сузана Турунџиева, Лора, имено ова беше една од најпопуларните свадби во медиумите. Најпрво нејзиното тогашно момче, сегашен сопруг ја запроси во романтична атмосфера, набрзо потоа следуваше и свадбената веселба. Сите блескаа, се работеше за мала свадба но среќата на младите е најважна. Блескавите моменти од овој важен ден погледнете ги во продолжение:

2018 година ќе остане запаметена и по конечното запливување во брачните води на Мартин Вучиќ. Имено, познато е дека тој заедно со својата девојка Сања беа во долгогодишна врска, свадбената веселба се одржа во еден познат скопски ресторан со многу гости и музичари.

Оваа година на лудиот камен застана и познатиот Филип Божиновски. Ова момче го запознавме во познатото музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде достигна неверојатен пласман со неговото учество во самото финале. После повеќегодишната врска со неговата тогашна девојка сегашна сопруга, младиот брачен пар се реши на ваков чекор, а свадбената веселба се одржа во еден ресторан во Скопје и траеше до раните утински часови.

На листата се и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев со неговата избраничка Ивана. Откако во јуни направи црковна вечавка пред најблиските роднини и пријатели во црквата Св. Пантелејмон, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, во септември направи свадба на која присуствуваа бројни јавни личности.

Стефан ја запроси својата долгогодишна девојка во февруари годинава. За свечениот момент одбра симболичен датум – нејзиниот роденден.

Пејачот Јоце Панов се ожени со Марина Нацевска, со која беше десет години во врска. По свадбената прослава за чија атмосфера се погрижи Благоја Грујовски, двојката замина на меден месец. Младиот брачен пар го одбра Миконос како дестинација за одмор.

Годинава се омажи и поп-пејачката Симона Поповска, за својот долгогодишен дечко, бизнисменот Крис Поповски. Свадбата беше во јуни, а Симона носеше дводелен невестински фустан.