Прекрасната Шехерезад била верена кога го запознала сопругот – Сега се омилен пар

ИЗВОРСкопје24
|

Бергурзал Корел или убавата актерка која ја запознавме како Шехерезад во турската серија „1001 ноќ” својата кариера ја започнала само на 23 годишна возраст токму во овој филм, и од тогаш и се отвараат сите врати на успехот, кариерата и среќата па дури и љубовниот живот, бидејќи токму тука го запозна нејзиниот сегашен сопруг Халит Ергинч.

Она што е интересно, а веројатно публиката во Македонија не го знаела досега е тоа дека таа пред да го запознае сопругот, веќе имала долгогодишна врска и била верена со друг човек, кој го напуштила за Ергинч.

Двојката веќе со години е во хармоничен брак и има едно машко дете, а во Турција и во регионов важат за една од најомилените парови.

Во неодамнешното интервју направено на терасата на луксузниот стан со поглед на пристаништето, Бергузар ги раскажа нејзините почетоци, за поддршката на нејзините родители, за соработката со нејзиниот сопруг пред камерите и зад нив, но и за улогата што сама мора да ја режира – улогата на мајката.

-Можам да излезам на улица без шминка и во пижами, да седам на троторар и да разговарам со минувачите. Никогаш не го правам она што се очекува од ѕвезда во мојата земја. Би била неблагодарна ако кажам дека не ми е драго што сум позната. Луѓето ме сакаат, ми аплаудираат… Но, ги штитам своите граници, вели за Hello убавата турска актерка и пејачка.

Таа исто така вели дека иако со сопругот често се заедно на снимања, секогаш имаат посебни соби.

Инаку, познатата Турчинка потекнува од актерско семјство, нејзината мајка и татко се исто така актери. Она што помалку и е познато на публиката на Балканот е дека Бергузар исто така е џез пејачка.