Апсење на скопскиот аеродром

ИЗВОРСкопје24
|

Вчераутро на Граничен премин Аеродром Скопје, на излез од Република Македонија, се пријавил С.Б. (30) со турска патна исправа, а при преглед кај него пронајдена му е италијанска патна исправа која била фалсификувана.

Лицето е приведено за понатамошна постапка.

На 26.12.2018 година во 11,15 часот во Полициската станица Центар А.П.(60) од Скопје, пријавил дека на 25.12.2018 година околу 11,30 часот додека возел велосипед на Кеј “13-ти Ноември“ бил каснат од куче- скитник за десната нога.

На 26.12.2018 година во 11,25 часот во Полициската станица Центар Р.З.(55) од Скопје пријавил дека на 25.12.2018 година околу 12,45 часот на плоштад Македонија бил каснат од куче-скитник во пределот на десната надколеница.