Тамара секоја вечер ужива во најубавата прегратка (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Поп дивата Тамара Тодевска пред десетина дена се породи и на свет го донесе своето второ дете, синчето Дарен, па сега имаат полна куќа среќа.

Сите новопечени родители велат дека тешко се справуваат со своите новороденчиња и дека често остануваат без сон по целата ноќ, но Тамара изгледа лесно се снаоѓа со своето второ дете.

Таа на социјалните мрежи деновиве знае да сподели прекрасни фотографии на кои се гледа како ги поминува вечерите, фотографии кои го грејат срцето.

Иако преморена, веруваме Тамара најмногу ужива во овие моменти со малиот Дарен, кој и заспива во нејзините прегратки. Навистина прекрасна глетка за добра ноќ!

Автор: Н.Ј.