Кога станува збор за најдобар инфлуенсер дефинитивно првото место кај нас во Македонија го зазема кој друг ако не Лила Филиповска. Ако го отворите Инстаграм профилот на Лила сигурно ќе забележите куп фотографии кои се доведени до совршенство, парфеми од препознатлив бренд, накит, преубави парчиња облека кои се сон за секоја жена, се само дел од деталите кои ќе ги забележите на секоја нејзина фотографија.
Огромниот број на следачи на нејзиниот профил говорат за успешноста на она што Лила го работи, па доказите се многубројни дека Лила освен како водителка дефинитивно многупати ја имаше шансата да се докаже и како одличен инфлуенсер. Голем број звучни имиња соработуваат со Филиповска и исходот е секогаш позитивен.
Како нејзин последен ангажман е соработката со познатиот бренд „Сара Фешн“ каде што Лила позира во ултра мини црно парче облека со совршен накит и совршени црни хулахопки од брендот „Сара фешн“.
„Хулахопките се неизоставен дел од новогодишните комбинации, памучни,свилени, сјајни, дезенирани, едноставно ги обожувам“ ,напиша Лила во описот на фотографијата каде позира за погоре споменатиот бренд.
Совршена Лила и позирање кое го одзема здивот е секогаш она што може да го очекуваме токму од неа, веруваме дека задоволство е да се соработува со Филиповска.