Голем хороскоп: Кој знак е за вас, кого треба да го избегнувате

ИЗВОРСкопје24
|

Овен

Вие и љубовта: За вас љубовта е страст и возбудување. Сакате да флертувате и речиси секогаш успевате да го освоите оној што ќе го посакате. затоа што не е возможно да ви одолее на шармот и духовитоста. Тој во целост е маѓепсан од вашата желба да го имате и од сè она што сте подготвени да направите за да му ја докажете вашата љубов.

Љубовни проблеми: Премногу се потпирате на инстинктите и туркате со глава ѕид, наместо да направите мала пауза и да размислите за сè. Обично зажалувате поради вашата импулсивност, но не паѓате во депресија ако нештата не одат онака како што сте си замислиле.

Вашата сродна душа: Момчињата ловци како што се Стрелецот и Лавот.

Не се за вас: Сентименталниот Рак ги разгорува вашите емоции, но не е за вас.

Бик

Вие и љубовта: Вие сонувате за совршен принц кој што ќе ве држи за рака и постојано ќе ви дава мали подароци. За возврат со задоволство ќе го разгалите. Вие не играте игри во љубовта, ниту ги сакате оние што играат. Трпението и одлучноста ви допуштаат да го чекате совршеното момче пред да трошите време на некоја безнадежна врска.

Љубовни проблеми: Понекогаш сте премногу внимателни кога треба да го подарите вашето срце. Мора да се ослободите од вашите стравови и да ѝ дадете шанса на љубовта.

Вашата сродна душа: Момчињата во знакот Риби се привлечни за вашата емотивна страна, но силните Скорпии прават срцето да ви чука забрзано.

Не е за вас: Близнаците може да ви понудат само приказни и бајки кога станува збор за љубовта.

Близнаци

Вие и љубовта: Вие сте мајстор за флерт и каде и да се појавите зад вас оставате еден куп скршени машки срца. Вие не сакате да повредите никого, но момчињата едноставно се вљубуваат во начинот на кој што се смеете или на кој си играте со косата. Вие уживате да ги играте овие игри се додека не најдете некого покрај кого ќе сакате да се смирите.

Љубовни проблеми: Потребен ви е простор – и оние што се лепат за вас како пијавици немаат шанси. Не сакате ниту љубоморни мажи, ниту пак мажи што сакаат да ве смират.

Вашата сродна душа: Ве привлекува самостојната Водолија, но за вас идеален е Стрелецот затоа што ќе го сака вашиот авантуристички дух и затоа што е вистински мајстор за флерт, исто како вас!

Не е за вас: Во целост ве привлекува изгледот на Јарците, но тие не знаат како да се изборат со вашата независност.

Рак

Вие и љубовта: Вие во суштина сте доста емотивни. Потребен ви е некој што ќе сака да се гали исто како и вас, но во исто време и да ги почитува вашите старомодни стандарди. Важно ви е тој да им се допаѓа на вашите родители, затоа што сепак, за вас е најважно семејството. Вашиот идеален состанок со некое момче е кога ќе останете дома и ќе уживате во некој филм.

Љубовни проблеми: Емоциите за вас се сè на светот и ниту едно момче не смее да го заборави фактот дека вас е мошне лесно да ве повредат. Кога тоа ќе се случи, вие се повлекувате во вашиот оклоп и страдате во тишина, со големо количество чоколада.

Вашата сродна душа: Нежната страна на Девицата ќе излезе на површина во ваше присуство.

Не е за вас: Момчето во знакот Водолија ќе знае да ви погледне во душата, но нема да биде нежен колку што ви е потребно.

Лав

Вие и љубовта: Кралската Лавица сака да биде главна во љубовта. Момчињата по малку се плашат од вашата самоувереност и независност, додека да ве запознаат. Вистина е дека моќната кралица на дивината може да стане преплашено маче кога некој ќе ѝ го скрши срцето. Длабоко сте предадени во љубовта и тоа го барате и од вашето момче.

Љубовни проблеми: Понекогаш вашата гордост може да се испречи пред вистинската љубов затоа што ви е тешко да признаете дека сте згрешиле.

Вашата сродна душа: Близнаците и Стрелецот нудат возбудување, но покрај еден Рак ќе се чувствувате сигурно и сакано.

Не е за вас: Бегајте од критички настроените Девици, кои што се плашат од вашата отворена самодоверба.

Девица

Вие и љубовта: За срамежливата Девица нљубовта е приватна работа помеѓу неа и нејзиниот дневник. Вашиот љубовен стил е прво да го оставите да се прашува, а не да го направите првиот чекор или бесрамно да се фрлите врз некое момче. Вие сте во целост отворени и искрени, штом ќе му дозволите некому да ви се приближи. Меѓутоа, пред тоа да се случи, тој ќе мора да ве импресионира со неговиот ум.

Љубовни проблеми: Склони сте брзо да ги отпишувате момчињата, дури и по само еден разговор. Ќе бидете и понатаму пријател со нив, но ако не е интелегентен и ако не размислува брзо како вас, тој ќе замине во заборав.

Вашата сродна душа: Вие го посакувате сензибилетот на Јарецот.

Не е за вас: Вас ве одбиваат луѓето што се мајстори за драма. Може ли да кажеме – Лавови?

Вага

Вие и љубовта: Вашите магични моќи ви дозволуваат да го привлечете баш оној тип на маж што го сакате, а потоа да направите тој безнадежно да се вљуби во вас. Ова не значи дека вие не сте пребирливи. Вашето момче мора да изгледа добро и да се облекува добро исто како вас.

Љубовни проблеми: Понекогаш сте повеќе вљубени во чувството на вљубеност, отколку во вашата посилна половина. Ова се случува затоа што вие сте идеалист и го гледате само она што сакате да го гледате кај вашето момче.

Вашата сродна душа: Не можете да го игнорирате начинот на кој што Овенот влегува во просторијата, но тој не е вистинскиот за вас, затоа што Ракот ќе ве обожава како никој друг.

Не е за вас: Водолијата размислува на сличен начин како вас, но не се пронаоѓа во вашата романтична страна.

Скорпија

Вие и љубовта: Скорпијата не се плаши да се бори за љубовта. Штом некој ќе ви падне во очи, вие инстинктивно знаете што да кажете и што да направите за тој да ве посака. Всушност, вие сте толку добри во играта на заведување, така што тој си мисли дека тој ве брка вас. Вие секогаш ги држите конците во вашите раце. Емоциите ги држите заклучени се додека не сте сигурни дека можете да му верувате. А тогаш, тој нема да има можност да запознае поинтензивна љубов од вашата.

Љубовни проблеми: Вашата љубомора се гледа на километар. Ако ви тргне од рака да ја чувате под клуч љубомората, вашиот сакан никогаш нема да ве напушти.

Вашата сродна душа: Губите памет на Риби и Ракови.

Не е за вас: Вам ви е потребно многу повеќе време и внимание од она што Стрелецот може да ви го даде.

Стрелец

Вие и љубовта: Кога станува збор за љубовта, вие сте опуштени. Момчињата губат разум поради вас, затоа што не ги заморувате и не драматизирате без потреба. Вие сакате личности што сакаат добро да се забавуваат, имаат авантуристички дух и се спонтани. Потребно е да бидат искрени и да го почитуваат тоа што вие ги почитувате нештата какви што се. Длабоко во вашето срце, копнеете за патувања, па често ве привлекуваат момчиња со егзотичен изглед или оние што потекнуваат од некои оддалечени места.

Љубовни проблеми: Вашето срце без проблем скока од едно до друго момче, поради што често ве следи репутација на срцекршачка. Во суштина, вам може да ви се верува, но момчињата често се несигурни во вашата близина затоа што сте премногу отворени.

Вашата сродна душа: Најдобро е да се држите до некое момче со слободен дух како што се Водолиите или Близнаците.

Не е за вас: Момчето родено во знакот на Рак е пречувствително за вас.

Јарец

Вие и љубовта: За вас љубовта е мошне сериозна работа. Нема шанси да го доведете вашето срце во опасност, освен ако не сте сигурни дека чувствата ви се возвратени. Вие сакате да ја испитувате околината, а потоа полека да впловите во некоја врска. Во вашите романси пријателите играат голема улога затоа што често ви доставуваат важни информации.

Љубовни проблеми: Кога еднаш ќе воспоставите врска со некое момче, вие сте за љубов на долги патеки. За вас раскинувањето е речиси невозможно поради вашата верност и одлучноста врската да успее.

Вашата сродна душа: Бикот и Девицата ве разбираат подобро од било кој друг.

Не е за вас: Вашата внимателна природа ги одбива жестоките типови како што се Лавот и Овенот.

Водолија

Вие и љубовта: Вие сте независни. Најголемата грешка што некој може да ја направи е да ја загрози вашата слобода. Вие не сакате љубовта да управува со целиот ваш живот. Во петок навечер сакате да се гледате со него, но затоа во сабота излегувате со пријателките. Ако тоа не му одговара, тогаш ќе го заборавите. Исто така, потребно е тој да има самодоверба за да разбере дека вашето срце е доволно големо за да ги сака сите.

Љубовни проблеми: Внимавајте премногу често да не ги одбивате, затоа што момчињата реченицата „Ќе разговараме подоцна“ ја прифаќаат само одреден број пати.

Вашата сродна душа: Момчето родено во знакот Девица е добро за вас затоа што и тие сакаат да бидат слободни.

Не е за вас: Лавот кој бара да ја обожавате дури и земјата по која што чекори не е добар за вас иако меѓу вас постои неверојатна хемија.

Риби

Вие и љубовта: Астролошката божица во љубовта е најсреќна кога е вљубена – навистина вљубена. Вие сте романтичар кој што во целост верува во постоењето на сродните души. Всушност вие сте подготвени да ги превртите и небото и земјата за да ја најдете вашата сродна душа. Кога ќе го најдете совршеното момче, ќе бидете подготвени да направите се’ за него, но понекогаш грешите затоа што неговите потреби ги ставате пред сопствените.

Љубовни проблеми: Вам ви е потребно чувствително момче, некое што ќе ги рабере вашите емоции. Ако не е на иста бранова должина како вас, вие емотивно се затворате и врската тоне во неразбирање и незадоволство.

Вашата сродна душа: Ракот ја чувствува вашата болка и ја дели вашата радост подобро од било кој друг знак.

Не е за вас: Егоцентричниот Овен ужива во вашето внимание, но го искористува и вашето нежно срце.