Ова го има само во Скопје: Паркиран на сред плоштад (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Сите се свесни дека во градот Скопје има проблем со паркинг местата, и дека навистина е тешко, особено во вечерните часови, да се најде место плус, но ова сигурно не е начинот.

Често сме сведоци на непрописно паркирани возила на тротоарите, улиците, на местата за инвалиди и слично, но вакво нешто за прв пат се гледа. Граѓаните револтирани постојано поставуваат фотографии на социјалните мрежи и на тој начин апелираат да се зголеми сообраќајната култура во нашиот град и државава, но колку тоа вродува со плод не сме многу сигурни.

Пешачката зона и плоштадите во Скопје се почесто се претворени во автодром и бесплатно паркиралиште, а ова е доказ за тоа. Фотографијата е направена на плоштадот „Скендербег“ кој води накај старата скопска чаршија. Граѓаните се прашуваат како ли успеал да го најде тоа „паркинг место“.

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам

Автор: Н.Ј.