Здравко Чолиќ откри каде и со кого ќе ги помине празниците

ИЗВОРСкопје24
|

Уште само еден ден не дели до новата година, и како што се наближуваат празниците, така се повеќе се загрева атмосферата и еуфоријата околу тоа како ќе се помине на најлудата ноќ во годината.

Како повеќето атристи така и Здравко Чолиќ новогодишната ноќ ќе ја помине работно, правејќи го она што најдобро го знае – анимирајќи ја публиката со пеење. Тој ретко кога открива детали за својот приватен живот и семејството, но овој пат направи исклучок и откри каде и со кого ќе го мине празничниот период којшто ни следи.

„Домот е украсен, а подароците се подготвени. За украсувањето на елката е задолжена помалата ќерка Лара и таму никој од нас не се меша. Мојата работа е таква што за Нова година најчесто работам. За Божиќ сме дома, сопругата Александра секогаш ќе зготви разни јадења, секој што најмногу сака, а потоа сите ќе се собереме.Празничната атмосфера ме потсетува на детството“ вели Здраво за „Hello“.

Тој се потсети како ја прославувал Нова година во периодот кога не бил оженет.

„Кога бев млад, за Нова година бев со семејството во домашна атмосфера.Многу сакав да добивам честитки кои некогаш се праќаа. Сега се е во електронска форма. Кога бев момче почнав да излегувам.Ние неколку парови, шведска маса, камин…Околу 23часот ќе се пресоблечеме во одела и фустани за Нова година, па ќе заврне снег и нема да може да излеземе од викендичката“ се потсети Чолиќ и откри како ќе ја дочека Нова година.

„Постарата ќерка Уна ќе биде со своето друштво, а Лара ќе биде со мајката, таткото и со пријателите покрај море. Делумно ќе го искористиме времето за заедничко патување. Како досега најверојатно тоа ќе биде во јануари или февруари. Ќе биде тоа наше време“ време Здравко.