Македонскиот камионџија Дарко Јефремов од Чикаго – САД познат по пародииите на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија и ТВ водителот Зоки Фаци, стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи.
Деновите токму тој направи вистински потег на кој никој не остана рамнодушен, имено македонскиот камионџија се појави среде Скопје облечен како Дедо Мраз. Дарко го наполни својот автомобил со новогодишни пакетчиња и тргна со полна торба да дели подароци по скопските улици.
Сакајќи да им ја врати насмевката на децата кои не можат да си приуштат новогодишно пакетче, хуманиот македонски Дедо Мраз од им ги делеше на сиромашните дечиња.