Холивуд ја има Џенифер Лопез, а ние ја имаме прекрасната Лила.
Се чини дека што и да проба ншата омилена водителка Лила Филиповска навистина се и оди од рака. Таа е потврдена водителка која со години најдобро си ја врши својата рабта и поради тоа публиката ја обожава, но на почетокот на својата кариера таа се испроба и како пејачка и има снимено дури неколку песни.
Откако се развија социјалните мрежи, а особено популарен стана Инстаграм, Лила најде начин како да заработи и од него. Имено таа е нашата најуспешна инфлуенсерка бидејќи на многу интересен начин успеа да изрекламира повеќе од најголемите брендови во државава, а има дури и соработки со британски и други интернационални компании и брендови. Лила рекламира се, од салони за убавина, теретани, продукти за нега на коса, брендови на накит, туристички агенции, козметика, парфеми, брендови за долна облека, ресторани и што ли уште не… и секако во тоа е најдобра.
https://www.instagram.com/p/BpkUGLCFaAt/
Сега Лила се обиде да оди чекор понапред и да се испроба и како актерка. Таа наскоро ќе има свое појавуваме во мега популарната македонска хуморитична серија „Преспав“ , искуство кое таа го опиша како феноменално. Веруваме дека и тука како и во е друго ќе се снајде одлично, па можеби ќе можеме во иднина да очекуваме и некоја поголема улога.
https://www.instagram.com/p/BryAqEMF5QF/
Автор: Наталија Јосифоска