Била мачена поради Христа – денес ја празнуваме светата маченица Јулијана

ИЗВОРСкопје24
|

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 декември.
Денеска е Св. маченица Јулијана. Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Света Јулијана живеела и пострадала за Христа во градот Витинија, Мала Азија, во третиот век. Потекнувала од богата и угледна фамилија. Уште додека била малечка, била ветена за жена на некојси Елевсиј, кој исто така потекнувал од висок род.

Додека растела, Јулијана се запознала со Христовото учење и поверувала во единствениот Бог. Кога и дошло време за мажење, таа не сакала да влезе во брак со Елевсиј, зашто овој бил незнабожец. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но Елевсиј се потруди, па со ласкање и мито го придоби чинот никомидиски епарх.

Тогаш Јулијанија му откри дека е христијанка и дека не може со него да стапи во брак додека и тој не ја прими христијанската вера, велејќи му: „Што ни вреди да бидеме телесно соединети, кога духовно би биле разединети?“ На ова Елевсиј се огорчи и ја обвини кај татко ѝ . Јаросен татко ѝ ја исмеа и ја изнатепа, а потоа му ја предаде на мачење на епархот. Епархот нареди и многу ја тепаа, па потоа ранета и искрвавена ја фрлија во затвор. Но Господ во затворот ја исцели и таа се јави пред епархот сосема здрава. Овој потоа ја врза и ја фрли во вжарена печка, но огнот не ја докосна. Кога го видоа тоа чудо мнозина поверуваа во Господ Исус Христос.

Светата маченичка Јулијана се смета за заштитничка на жените и девојките, но и насите кои неправедно страдаат и се мачат. Народното верување вели дека на жените денеска че им се исполни желбата која ќе ја посакаат ако го спомнат името на Света Јулијана и ја изговорат оваа молитва: „Тебе Жено те љубам и барајќи Те страдам, и се распнувам и се погребувам во крштението Твое, И страдам поради Тебе, за да царствувам со Тебе, и умирам за Тебе за да живеам со Тебе. Прими ме како чиста жртва, со љубов за жртвувањето за Тебе. Со нејзините молитви, како Милостив, спаси ги душите наши“.