Родител чие дете имало проблеми после вакцината ни се обрати во нашата редакција со следниот разговор. Ве молам пренесете на луѓето. Ова е класична хајка сите да ги вакцинираат своите деца. Мојата ќерка е дете со посебни потреби поради оваа вакцина. Зборуваше и се беше најнормално до денот на приемот. (разговорот поради трогателната содржина нема во целост да го пренесеме)
Инако и многу славни личности кои во минатото повикуваа на бојкот на Вакцините но дали е тоа добро.
Има поделени мислења по ова прашање: Добар дел од родителите кои си ги вакцинирале децата и немале проблеми сметаат дека секое дете треба да биде вакцинирано затоа што оваа болест била опасна поради што и е произведена вакцина за истата. Оставаме опасни болести од 18ти век да не нападнат, но и недај боже да мутираат, нашио доктор соговорник ни појасни. Вакцините се безбедни и со избегнување на истите го изложувате детето на многу сериозни и тешки болести, како што се морбилите.
Официјално прогласена епидемија на мали сипаници во Скопје
Во Скопје, во изминатите два дена се регистрирани 12 нови случаи на мали сипаници или морбили, информираа здравствените власти. Се работи за заболени бебиња и мали деца, од 8 месеци до 4 годишна возраст, а примениот возрасен пациент е на 31 година. Од причини што бројката на заболени порасна на 13, од средината на минатиот месец до сега, а за 6 сомнителни, резултатите од анализите ќе бидат готови утре, во главниот град е прогласена епидемија на морбили.
Има 12 нови случаи.Од нив 6 се дефинитивно потврдени со соодветни анализи. За останатите 6 , за кои има типична клиничка слика, анализите ги очекуваме во текот на следниот ден, вели министерот Филипче.
Најголем дел од нив се со бронхупна пневмонија како најчеста компликација. Кај дел од дечињата имаме и акутен гастро ентероколид како компликација на болеста, а 2 ца пациенти се со посериозна клиничка презентација и тие 2 се со посериозна бронхупна пневмонија, вели Сања Петрушевска Маринковиќ- лекар на Инфективна клиника.
Сите нови заболени од мали сипаници се невакцинирани лица. Од 15 000 невакцинирани деца во Скопје, од појавата на морбилите на 19 декември во градинката во Радишани до сега, само 350 се вакцинирани. Тоа се должи на антивакциналната кампања што ја спроведуваат некомпетентни лица, рече епидемиологот, Жарко Караџовски.
Не може да се очекува да се има добар опфат, ако имаме во народот антивакцинална кампања од лица кои што се некомпетентни и нестручни. Кои пропаѓираат некаква замисла дека детето треба да прооди и да прозбори, па дури тогаш да му се даде вакцина МРП, што е сосема медицинси неоправдано, вели епидемиолог Жарко Караџовски.
Морбилите се заразна и опасна болест која може да предизвика тешко запаление на белите дробови и тешко оштетување на централниот нервен систем. Имајќи го предвид тоа, но и епидемијата од морбили во регионот, со која се зафатени 5000 граѓани на Србија , Бугарија и Романија, здравствените власти од утре ќе достават решенија до градинките да не примаат невакцинирани деца.
Ќе се испратат решенија со задолжување, со наредби кои што ќе стапат во сила веднаш, што значи од утре, вели д-р Лилјана Ристовска од Државен санитарен и здравствен инспекторат.
Иако законот предвидува парични казни од 350 до 650 евра за родителите и старателите кои нема да ги вакцинираат децата, од ДСЗИ велат дека веднаш нема да казнуваат , туку ќе следат што се случува на терен и потоа ќе превземат законски мерки. Со прогласената епидемија на морбили, се проширува возраста за имунизација, за бебињата од 6 до 9 месеци и за возрасните до 45 години. Во Македонија се врши имунизација од мали сипаници, од 1972 година.
Кои се симптомите?
Симптомите на болеста се поделени во три различни стадиуми, во зависност од периодот на развој на заболувањето:
Инфективен стадиум, при што се јавува зголемена телесна температура од 38 до 40 степени. Децата се жалат на главоболка, малаксаност, вознемиреност и жед.
Катарален стадиум, при што лицето не може да поднесе светлина, има зуење во ушите, солзење на очите, му тече носот и секрецијата е зголемена.
Трет стадиум, во кој во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени.
Првиот осип (макули) се јавува навечер, во пределот на косата. По еден до два дена, тој осип се шири по целото тело, при што кожата станува видливо црвена, со ситни макулозни промени.
Осипниот стадиум трае 3 до 6 дена и потоа осипот почнува да бледее, а по една недела се губи.
Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката).
Симптомите вообичаено започнуваат да се јавуваат 10–12 дена после изложувањето и траат 7–10 дена. Иницијалните симптоми вклучуваат треска, често со температура поголема од 40 °C (104.0 °F), кашлица, течење на носот, и воспалени очи.
Мали бели точки познати како Копликови петна може да се формираат од внатрешната страна на устата два до три дена после почетокот на симптомите.
Црвен исип вообичаено се јавува на лицето, а потоа се проширува на остатокот од телото три до пет дена после почетокот на симптомите.
Чести компликации вклучуваат појава на дијареа (во 8% од случаите), инфекција на средното уво (7%) и пневмонија (6%).
Поретко се јавуваат напади, слепило, или воспаление на мозокот.
Пренесување – Малите сипаници лесно се пренесуваат по воздушен пат преку кашлица и кивање од инфицирани луѓе.
Исто така може да се пренесат преку контакт со плунка или назален секрет. Девет од десет луѓе кои не се имуни и се во контакт и делат простор со инфицирано лице ќе бидат заразени.
Луѓето можат да бидат преносители на вирусот почнувајќи од четири дена пред до четири дена после појавата на осипот.
Стекнатиот имунитет е траен, и повеќето луѓе не заболуваат по втор пат.Тестирањето за вирусот на мали сипаници кај суспектни случаи е значајно во напорите во јавното здравје за контрола на болеста.
Инфекцијата има просечен период на инкубација од 14 дена (од 6-19 дена) и инфективноста трае од 2-4 дена пред, и од 2-5 дена по почетокот на oсипувањето (односно, вкупно од 4-9 дена).
Заштита – Во развиените земји се врши вакцинирање на децата со две дози, од кои првата на 18- месечна возраст, а втората меѓу четвртата и петтата година од животот.
Лицата кои прележале мали сипаници се здобиваат со траен имунитет што ги штити во текот на целиот живот, односно веќе не заболуваат од мали сипаници.