Општина Аеродром од денес не прима невакцинирани деца

ИЗВОРСкопје24
|

Детските градинки од денеска не примаат невакцинирани деца од МРП.

Министерството за здравство денеска прогласи епидемија од морбили (мали сипаници) на целото подрачје на град Скопје, со што од денеска стапува во сила привремена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во сите градинки на подрачјето на градот.
Ваквата мерка стапува во сила согласно со член 56 и 57 од Законот за заштита на населението од заразни болести. Населението од ова исклучително опасно заболување може да се заштити со вакцинација, соопштија од Министерството за здравство, од каде што посочуваат дека сите заболени од морбили се невакцинирани лица.
Општина Аеродром апелира до родителите да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство, со цел да се заштитат децата од ова заболување и да се спречи понатамошно ширење на епидемијата од морбили.