Грижлив татко купил шест авионски билети за да го помине Божиќ со ќерката, која е стјуардеса

ИЗВОРСкопје24
|

Татко пронашол начин за да биде со ќерка си, која е стјуардеса и морала да работи на Божиќ. Тој резервирал шест авионски билети, за секој од нејзините летови, и летал заедно со неа за време на празникот.

Случката ја споделил на социјалните мрежи патник кој седел со таткото Хал на еден од летовите.

„Ми беше задоволство да седам до Хaл на мојот лет до дома. Неговата ќерка Пирс беше наша стјуардеса, која мораше да работи на Божиќ. Хал одлучи да го помине празникот со неа. Па, тој лета со секој од нејзините летови денес и утре низ целата земја за да помине време со неговата ќерка за Божиќ. Колку фантастичен татко! Ви посакувам среќен Божиќ и на двајцата!“ – напиша патникот Мајк Леви.

Објавата брзо стана хит на социјалните мрежи, бидејќи е доказ за љубовта на родителите кон децата.