Важна информација за корисниците на социјална парична помош

ИЗВОРСкопје24
|

Годишната обнова на документи за сите корисници на социјална парична помош започнува од денеска, информираше меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Сите корисници ќе треба да поднесат ново барање, а потребните обрасци за поднесување ќе ги добијат во Центарот.

Основно задолжување во оваа обнова е сите полнолетни членови од семејството задолжително да бидат пријавени во Агенцијата за вработување што ќе биде предуслов за остварување на правото кое се очекува дека ќе се трансформира во гарантирана минимална помош согласно новиот закон за социјална заштита кој набргу треба да биде донесен, информираат од Центарот.

При поднесување, граѓаните треба да поседуваат важечка лична карта за себе и за сите полнолетни членови на семејството, а останатата потребна документација Центарот ќе ја прибавува по службена должност.