Премиерот Зоран Заев најави дека и годинава ќе се зголеми минималната плата во земјава, но не откри кога и за колку би била зголемена.
Според него, растот на минималната плата ќе овозможи да се дојде до плата од 500 евра, која беше предизборно ветување. Тоа е остварливо, како што рече премиерот, оти лани просечна нето плата изнесуваше над 400 евра.
– Сакам да најавам дополнително носење на одлука за минимална плата. Ќе расте, затоа што, со покачување на минималната плата и отварањето на таа спирала видовме дека имаме добар ефект. Тој ефект даваше резултати, некаде до септември, но и по септември, платите продолжија да растат – рече Заев.