Зора Тешевиќ (77) од Ужице и во осмата деценија е меѓу првите на пат кон Ариље, и оваа година да бере малини, боровинки и капини.
„Веќе 5 години рабoтам кај исти луѓе. Минатата година работев три месеци, човекот кај кого берев тогаш ми купи торта на 12. август за мојот 77. роденден” – вели баба Зора.
И покрај трагедијата која ја доживеала, ги изгубила своите два сина утеха наоѓа во работата.
„Минатата година синот кој имаше 57 години ме напушти, веднаш по 40-дневниот помен отидов да работам. Набрав 118 килограми капини, останатите работници доаѓаат да берат малини еден месец или два и си одат, јас останувам и за капини и боровинки. Заработив 1.100 евра” – вели Зора и додава дека се што заработила дала за споменик.
И оваа година после годишнината тргнала на берење иако за себе вели дека не е многу здрава, пие редовно лекови и покрај работата од утро до вечер помага на газдарицата да ја постави вечерата и некогаш ги мие садовите.
Баба Зора живее сама, но живее за внуците, едната магистрирала економија во Белград а другата е дефектолог.
„Имам јас моја мензија од 200 евра, некогаш работев административни работи во Регионалните СИЗ-ови во Ужице, тоа за мене е доволно. Она што ќе го заработам дополнително оваа година ќе оди во рацете на моите внуци” – вели гордо Зора.