Топовите за снег од милион евра, подарок од МЕПСО за Пониква и годинава ќе останат несикористени

ИЗВОРТелма
|

Единствениот зимски центар во источна Македонија деновиве е посетен од страна на граѓаните. Скијачката сезона е отворена, а на Пониква ќе се скија колку што снегот ќе се задржи. И оваа година ќе нема можност за вештачки снег и покрај тоа што МЕПСО подари топови кои чинат еден милион евра. Украдени се каблите на четирите од петте топови, а има и проблем и на една од цевките. Топовите засега стојат како споменици, пред неколку години на општина Пробиштип им е дадено да стопанисуваат со нив.

Од општина Пробиштип забележуваат дека и годинава не распишале оглас за давање под концесија на топовите, но сметаат дека можат да се стават во функција.

Точно е дека годинава не е распишпан повик за концесија на опремата. На оној за претходната зимска сезона не се јави никој. Но, ние имаме обучено лице кое се грижи за опремата. Во моментот се работи на отстранување на дефектот и ако има потреба топовите за вештачки снег ќе бидат ставени во функција, одговорија од Општина Пробиштип.

Пробиштип и Кочани пред неколку години имаат заедничко јавно претпријатие, но минатата година тоа беше ликвидирано. Инаку во текот на минатата година во ски центарот е инвестирано во делот на поголема безбедност за скијачите, проширен е и паркинг просторот, а Пониква доби и инфо центар, преку кој туристите можат да се информираат за условите и временските прилики.

Викторија Димитрова Јованова