„Христос се роди!
Денеска, кога наздравуваме дома со своите најблиски за големиот христијански празник, да се потсетиме дека луѓето можат и сами, но заедно се посилни и помудри. Што може друго да си посакаме на овој убав ден освен сила и мудрост, храброст и љубов, заедништво и хуманост.
Честит Божик, драги пријатели!“, напиша Радмила Шеќеринска на својот профил на Фејсбук.
Христос се роди!Денеска, кога наздравуваме дома со своите најблиски за големиот христијански празник, да се потсетиме…
Gepostet von Radmila Sekerinska am Montag, 7. Januar 2019
Од останатите политичари од членовите на министерскиот тим, најсреќни биле министерката за правда Рената Дескоска која ја сподели радоста од бадниковата вечера.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски годинава паричката од бадниковото лепче ја добил шести пат по ред.
Кај претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, најсреќен бил синот Иван.
Од владината прес служба информираат дека во семејството на премиерот Заев, паричката се паднала во делот за работа и работните ангажмани.