Борко Ристовски и Нина направија свадба која долго ќе се памети

ИЗВОРСкопје24
|

Репрезентативниот ракометен голман Борко Ристовски и неговата партнерка Николина во годината која ни помина склучија граѓански брак, а викендов направија и свадба.

Свадбата беше во еден луксузен македонски хотел, а на истата присуствуваа најблиските роднини и пријатели на парот.

За оваа прилика, Борко беше облечен во одело, а невестата во бел фустан со поширок долен дел. На свадбата присуствуваше и нивниот син Душан кој во април оваа година ќе наполни една година.

Свадбената торта на познатиот пар беше со црно – златна боја, а на црниот дел со златни букви имаше испишано текст.

Специјална торта имаше и за синот на Борко, Душан која беше во бело – сина декорација.