Потврдени два нови случаја со мали сипаници. Станува збор за 18-месечно дете од општина Чаир и за четиригодишно дете од општина Аеродром и двете невакцинирани. Тие се пренесени на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче „Со овие два случаи вкупниот број на заболени со морбили изнесува 19. Од заболените, 11 биле пренесени на Клиниката за инфективни болести, од кои четири се пуштени на домашно лекување.“
За едно лице на возраст од 30 години кое е вакцинирано со една доза вакцина и за уште едно лице на возраст од 28 години кое има непознат вакцинален сататус се чека поврда од крвните анализи.
„Досега се вакцинирани 1.300 деца“, изјави Филипче и упати апел до родителите да ги вакцинираат децата за да се спречи епидемијата на морбили.