Игор Џамбазов сеуште ја чека вистинската жена сама да се појави

ИЗВОРСкопје24
|

Легендата Игор Џамбазов со децении наназад е омилениот телевизиски лик за повеќето Македонци, со него израснаа многу генерации и сеуште тој е на самиот врв.

Позади себе има безброј изиграни претстави и филмови, неколку искрено напишани книги и за жал еден завршен брак, со некогашната водителка Искра Џамбазова сега веќе Канзурова.

За жал, не ја најдов жената за добро утро. Не сум ни сигурен дали повеќе ја барам, вели Игор Џамбазов во неговото последно интервју.

„Изгледа чекам самата да се појави. Ама ако. Ќе чекам. Трпението е моето второ јас“, вели Џамбазов.

Што го натера да му се врати на театарот, како успеал да се одбрани од политичките притисоци, за Александар Џамабзов, за сеќавањата на мајка му Анче и дедо му Петре, за сите жени кои му недостасуваат, и за она што го прави најбогат, мирниот сон и пријателите, прочитајте го целото интервју во Женски магазин.