Кога ќе дојде до развод на бракот или престанок на вонбрачната заедница помеѓу партнерите кои имаат заеднички деца, било да е во прашање спогодбено или постапка по тужба пред надлежниот суд, едно од најбитните прашања е кому ќе му се додели старателството над малолетните деца, односно, вршењето на родителските права.
Заедничко вршење на родителските права
Под заедничко вршење на родителските права се подразбира дека бившите партнери и после престанокот на заедничкиот живот сите одлуки кои се однесуваат на децата и понатака ќе се донесуваат заеднички и споразумно.
Притоа, важно е да се напомене дека родителското право е неделиво и неможе да биде одредено да еден родител врши одредени права кој се состојат од родителски права а да некои други права врши другиот родител.
Родителите заеднички ќе го вршат родителското право по престанокот на брачната или вонбрачната заедница доколку за тоа склучиле писмен споразумен договор и доколку судот процени дека таквиот споразум е во најдобар интерес на детето. Имено, дури и во ситуација во која постои споразум помеѓу поранешните партнери за заедничко вршење на родителските права, за судот да донесе одлука за тоа, тој мора да утврди дека таквиот споразум е во најдобар интерес за детето по претходно прибавено мислење од Ценатарот за социјални работи.
Во пракса овој начин на вршење на родителските права се покажа како исклучиво комплициран, затоа што дури и кога родителите кои останале во пристојни односи и кај кои е присутна комуникација, затоа што неопходно е да бившите партнери се однесуваат како да се и понатаму во брак, со оглед на тоа што се потребни чести контакти и секојдневни договори во врска со бројни прашања кои се однесуваат на животот на детето. Затоа заедничко старателство се препорачува кај родителите кој после се останале во добри односи, каде постои меѓусебно почитување и добра комуникација.
Составен дел на споразумното вршење на заедничкото родителско право е и местото каде детето ќе престојува, односно каде ќе живее. Имено, детето живее само со еден родител додека динамиката на гледање со другиот родител се одредува во договорот и зависно од обврските.
Самостојно вршење на родителски права
Самостојно вршење на родителски права подразбира дека заедничките деца ќе бидат доверени на чување и воспитување на едниот родител со одредување на начинот на оджување на личнте односи со другиот родител и висината на издршката која ќе треба да ја плаќа. Родителот на кого децата не му се доверени има право со нив да одржува контакт, да ги издржува како и да одлучува за сите прашања кои битно влијаат на животот на децата (како промена на живеалиште, образование, поголеми медицински зафати и тн.)

Родителите исто така можат да постигнат споразум за самостојно вршење на родителското право, меѓутоа доколку помеѓи поранешните партнери не постои таков споразум или тој не е во најдобар интерес за дететото, судот е тој кој ќе донесе конечна одлука за начинот на вршење на родителските права врз основа на претходно прибавено мислење од Центраот за социјална работа, како орган за старателство а пред се водејќи се од интересот на детето.
Во пракса како битни причини поради кои судот се одлучува за старателство на само еден од родителите е поради причините дека еден од родителите е тешко болен, отсутен поради природата на работата, поради лечење, издржување на казна затвор или затоа што го препуштил старателството на детето врз другиот родител.
Кога судот треба да донесе одлука за доверување малолетно дете, задолжителна процедура е прибавување мислење од органот за старателство односно надлежниот Центар за социјални работи, кој по спроведување на законската постапка дава стручно мислење и наод за семејната ситуација и го доставува на судот. Самото мислење и наод подразбира процена на целокупната семејна ситуација, односно кој од родителите претставувал важна емоционална поддршка, кој повеќе бил ориентиран кон децата, кој повеќе поминувал време со нив, кој ги носел во школо, помагал во врска со домашните работи и слично. Исто така се зема во предвид и тоа кој со каква професија се бави и дали има време да биде со децата, како и кој до тогаш поминувал повеќе време со нив.
Оваа постапка во нашето законодаство е предвидена како хитна со оглед на фактот дека се работи за деца.
При носењето на одлуката, судот во овие спорови секогаш се води од тоа што е најдобро за детето или за кој родител истото е повеќе поврзано. Во најголем број на случаи децата припаѓаат на мајката, но исто така не е точно мислењето дека таткото добива старателство само во случај кога мајката е неподобна и социјално проблематична.
Адвокат Златко Јолески