Две новозаболени деца со мали сипаници се примени на Клиниката за инфективни болести. Со тоа откако Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили во оваа здравствена установа се лекувани 13 лица. Вчера на домашно лекување се пуштени 4 деца, кажа денеска министерот за Здравство Венко Филипче и додаде дека 10 отсто од невакцинираните деца се вакцинирани, пренеусва САКАМДАКАЖАМ.
„Во тек се контролите на МАЛМЕД и на Државниот санитарен инспекторат и здравствен инспекторат. Резултатите за случајот со стари лепенки ги очекуваме во текот на денот. Вакцините се безбедни и со добар рок“ рече министерот за здравство Филипче.
Во врска со вонредниот надзор што викендов го направи Министерството за здравство со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за лекови, кога беа најдени пакувања вакцини со добар рок на траење, но налепниците на македонски јазик биле со изминат рок. Филипче најави дека поради ваквиот пропуст на дистрибутерот „Македонијалек“, можно е одземање на лиценцата за работа како и раскинување на сите договори со оваа компанија.