Фантастичен десерт по рецепт на познатиот готвач Џејми Оливер.
СОСТОЈКИ: смрзнато лиснато тесто, 2 кори за гибаница или пита, 1 тегла слатко по желба, малку исечкани бадеми, малку брусница, шеќер во прав, цимет и малку растопен путер.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На развлеченото тесто намачкајте слатко. Преку нафрлајте исечкани бадеми и брусница. Свиткајте во ролат, а потоа исечкајте во 12 мали ролати.
Две кори за гибаница намачкајте со путер, спојте ги по средината така што ќе добиете поголема површина и нежно наредете преку дупките на тепсијата за мафини.
Полека пронаоѓајте ги дупките, од средина кон крај, и во нив нежно ставете по еден ролат. Испечете ја питата и послужете.
Уживајте!