Бенхамин Рохас и неговата девојка Мартина Санчез Акоста станаа родители.
33-годишниот актер, кој кај нас е познат по улогата на Пабло во серијата „Млади бунтовници“, ја објави среќната вест на Instagram заедно со фотографија со новородената ќеркичка.
„Дојде за да ми го преврти светот наопаку. И го постигна тоа. Денес се вративме дома откако поминавме 13 дена на оддел за неонатологија, место кое никогаш нема да го заборавам, поради професионалноста и љубовта која ја имаат за да се справуваат со толку деликатна работа… Таму поминавме низ сите емоции со мајката. Таму ги поминавме Божиќ и Нова година. Поминавме сè. Но, вредеше. Добредојде љубов моја. Сега, навистина е среќна година за сите“ – напиша тој во описот.
Мајката Мартина се породи со царски рез, а бебенцето тежело 2 килограми.
На средината на декември, Бенхамин сподели фотографија од неговата бремена девојка и напиша: „Се сеќавам кога првпат те видов во Телефе. Си реков: ‘Колку убава девојка, би сакал да ѝ бидам момче’. Тоа ми беше најтешкиот кастинг во животот. Но, успеав. Јеее“.
https://www.instagram.com/p/Bra0GcInFtt/?utm_source=ig_embed
Аргентинскиот актер и продуцентката се во врска 7 години, а се запонзале во телевизиската куќа Телефе.
https://www.instagram.com/p/BpND_E3H88i/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BcJhaMWlTyG/?utm_source=ig_embed