Македонскиот ракометен репрезентативец, Стојанче Стоилов периодов е во центарот на вниманието. Најмногу секако сега поради одличната игра на СП, но вниманието го привлече најпрво со својот потег кога ја напушти манифестацијата за избор на спортисти на годината, а таквиот потег пак ги налути новинарите од албанската редакција на МТВ2 кои пак на преносот во живо не сакаа да му го изговорат името, па го нарекоа „игачот со број 5“.
Имено Стоилов го напушти изборот за спортист на годината, откако организаторите почнаа да се обраќаат на албански јазик, од тогаш во последниве неколку дена навреди кон него доаѓаат од неколку страни.
Откако новинарот на МТВ 2 го бојкотирање Стоилов на овој начин, поддршка доби и од неговата уредничка која додаде дека морале да одговорат на ваквото однесување на ракометарот. Вчера погрдни зборови доби и од новинарот на Мактел, Саше Политико, кој го нарече свиња, а денеска пак на својот фејсбук профил се огласи и новинарката Анита Латифи, која напиша дека и е жал за бројот 5, убав број на дрес на гаден човек.
И по неколкуте напади, поддршка за Стоилов доаѓа од сите страни, а особено од верните фанови и неговите пријатели. Актерката Весна Петрушевска Бејби јавно му порача на Столе дека „го сака играчот со број 5“, додавајки дека тој е најдобар ракометен играч.