Педијатрите апелираат до родителите: Изнесете ги децата на снегот, не ги чувајте во соба

ИЗВОРСкопје24
|

Многу родители се во дилема дали своите деца да ги пуштат надвор на снег, или пак да ги затворат во соба. Во време кога надвор температурите се минусни и снегот вее педијатрите се едногласни.

Апелираат до родителите да ги пуштат надвор своите деца, за да уживаат на снегот. Сигурно некои ќе негодуваат со оваа констатација, но важно е да знаете дека ако вие го научите детето од мали нозе да издржува ниски температури и студен воздух, детето ќе го практикува тоа и понатаму, односно неговиот центар за терморегулација ќе знае соодветно да реагира на ниските температури, велат педијатрите.

Децата треба да излегуваат надвор, без разлика на овие ниски температури. Во сите европски земји, вклучувајќи ги скандинавските, кои се најтипичен пример, се препорачува секое бебе да излезе надвор минимум еден час сè до температура од -23 степени.

Ако е зи­ма, а воз­ду­хот е чист, то­гаш е до­бро бе­би­ња­та и де­ца­та да пре­сто­ју­ва­ат над­вор. До­вол­но е да би­дат до­бро об­ле­че­ни, за­шти­те­ни.

Понатаму, снегот е одлична прилика за физичка активност

Експертите сметаат дека децата е неопходно да имаат 60 минути физичка активност секој ден. Кога чекорат по снегот, тие користат поголеми групи на мускули и потребна им е поголема сила за да се движат. Ако децата надвор поминуваат време и играат на снегот, подобро и ќе спијат, ќе им се зголеми апетитот и со самото тоа ќе бидат повеќе расположени.

Играњето на снегот ја развива имагинацијата

Снегот за децата претставува нов предизвик и психички и когнитивен. Ако клупите и лулашките се прекриени со снег или замрзнати, децата треба со помош на својата снаодливост и имагинација да најдат начин за повторно да ги користат или да пронајдат замена, играњето на снегот бара одредени способности и затоа зимата е совршеното годишно време за развивање на истите.

Совршен пример за ова тврдење се данците кои не наседнуваат на измамите на фармацевтските лобирања и не користат лекови без врска. Тоа е мантра не само на просечните Данци, туку и на нивните лекари. Како пример ја наведуваат жената која добила нервен слом кога во градинка го видела своето дете соблечено по пелени и ставено покрај отворен прозор сред зима. Детето било оставено така, бидејќи според Данците, на тој начин природно му се симнува температурата.