„Децата да се лекуваат од буџет, а политичарите да се плаќаат со СМС“

ИЗВОРСкопје24
|

Во босанскиот град Тузла граѓаните вчера потпишуваа петиција со цел децата конечно да можат целосно да се лекуваат од буџетски средства.

Петицијата, под називот „Децата да се лекуваат од буџет, а политичарите да се плаќаат со СМС пораки, па кој уплати – уплати“, привлекло голем интерес од локалните жители, пренесoa локалните медиуми.

„Одзивот на граѓаните покажува колку сме незадоволни од работата на нашите политичари. Во заводите за здравствено осугурување имаме предвидени средства за лекување деца, кои најчесто се однесуваат на кофинансирање. Родителите на болните деца најчесто мораат да обезбедуваат големи финансиски средства. Наместо да се грижат за детето, тие мораат да размислуваат колку пари ќе соберат од хуманитарни акции“, изјавила Индира Бектиќ-Мујкиќ, која е една од иницијаторките на акцијата.

Неформалната група родители, кои ја организираат акцијата, најавуваат дека потписите ќе бидат проследени до градскиот совет на Тузла.

Да се осврнеме, каква е ситуацијата по тоа прашање во нашата држава. Македонија мора да го реши проблемот со своите граѓани, кои спас од болеста бараат надвор. Не е одговорот дека ФЗОМ за оваа намена од година во година одвојува значително поголеми суми. И со тие пари граѓаните немаат доверба ниту во ФЗОМ, ниту во институциите. Прост пример: aко, на пример, дијагностиката и лекувањето подразбираат 10 постапки, а државата обезбедила пет, што направила државата? Ништо. Дали има земји на друго место во светот, освен ние и комшиските на Балканот, кои ги лекуваат своите граѓани со најмодерна технологија наречена СМС-пораки! Отидовме на другиот свет додека чекаме подобро здравство. На толку полни усти за вложувања во него, децении наназад, за апарати, за нови методи, требаше да имаме болници како вселенски бродови. Ние имаме мајки кои дење и ноќе сами ги чуваат своите чеда дома, во соби поопремени од интензивна нега. Самите се и невролог, и ортопед, и пулмолог, и медицинска сестра. Секој за својата шанса за живот се бори како знае и умее.

Државата некому помага, некому не. Ама проблемот не е само во тоа што немаме доктори, или условите во болниците се лоши, или операцијата не се прави во Македонија. Дали е возможно да извадите конзилијарно мислењ. Е, тука прават се што можат, за да се откажеш!