Македонската фолк пејачка Елена Велевска новогодишните и божиќните празници ги прослави на турнеја во Америка. Слободно може да се каже дека Велевска самиот старт на годината го започна работно.
Познато е колкав број на нашинци има во Америка, таа им пееше а тие со душа го чекаат тоа. Велевска важи за една од они пејачки кои се меѓу најбараните во странство, а доказ за тоа е огромна посетеност на нејзините настапи ширум светот.
Како една од најзборуваните теми во изминатата година беше разводот на оваа пејачка, меѓутоа набрзо брачниот пар успеа да се смири и да продолжат онаму од каде што застанаа. Но, јавните личности не би биле она што се ако сеуште не се крева прашина за секоја нивна објава со оглед на тоа што преку социјалните мрежи обожавателите дознаваат се и постојано се под нивното будно око.
Така, меѓу постираните фотографии од американската турнеја Велевска објави една фотографија која многу зборува иако ништо конкректно не кажува. Стара е цели 9 години, а на неа фолкерката ги држи враце тогаш двете мали дечиња.
Обична фотографија, која ги враќа сеќавањата и спомените назад низ времето, ќе рече некој. Но, токму изборот на истата и статусот кој Елена го постирала крај фотографијата: „Од животот остануваат само децата и спомените“ ни дава сомнеж дека работите тргнале повторно во спротивна насока.
Дали со тоа пејачката сакаше да наговести нешто повеќе, дали намерното изоставување на се уште законскиот сопруг од фотографијата и особено од пишаната порака, значи дека Велевска сепак не ќе може да го спаси бракот?
Освен оваа Велевска дополнително ја стави јавноста во мисла со фотографијата на која напиша „Слободата нема цена“.
Се надеваме во брзо време ќе ја дознаеме вистината и дали брачниот пар конечно успеа да го одржи бракот или сепак се паѓа во вода.