Вака се весели дијаспора! Ниту еден Македонец нема да остане рамнодушен кога ќе го слушне нашиот Дамјан-наследникот на Војо Стојановски!

ИЗВОРСкопје24
|

На роденденот на Марина пеел Дамјан Стојановски, достоен наследник на својот татко, Војо, кој остави длабока трага во македонските песни.

Македонците низ цел свет сакаат да ги слушаат своите песни и да се радуваат на својот матичен јазик – македонски.

ТЕШКО МИНА МОЈТА МЛАДОС ДОКТОРЕ

Тешко мина мојта младос доктореДамјан Стојановски-вака се веселат Македонците

Gepostet von Makedonski Narodni Pesni am Freitag, 16. November 2018

Војо Стојаноски беше во брак со новинарката Евица Камберова – Стојаноска, од чија љубов се роди синот Дамјан (роден во 1996 година). Дамјан продолжи по стапките на татко му, запишувајќи се на Факултетот за музичка уметност на отсекот – соло пеење.

Истовремено, и тој започна музичка кариера на фестивалот „Филиграни“ каде ја доби наградата за најдобар дебитант, а на „Гоце фест“ ја освои првата награда на публиката, за песната „Ај со господ напред“.

Во текот на својата кариера, Војо Стојановски испеа поголем број хитови, од кои најпознати се: „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“. По кратко боледување, за жал Војо Стојановски не напушти на 6 мај 2014 година, а постхумно објавен е и компилацискиот албум (на два компакт диска) „Моја Македонијо“, кој содржи 19 песни што Стојаноски ги изведувал на фестивалот „Гоце фест“.